29 Јануари Twelve Moons of Jazz @ Станица 26

Во мигот на стагнација каде сопственоста се гуши во истиот непроменлив круг само импровизацијата на мисловното лутање води до прогрес, слобода и откривање непознати простори каде можат да зачекорат нови умови во создавањето на нови идеи.

Музиката не е само насмевка и фина става како што и џезот не е магија без импровизација. Потребно е само да се отворат очите и да се дувне прашината, затоa што градот чува такви неуморни борци.

Деветиот по ред #TwelveMoonsOfJazz претставува продорна фузија на пргава иновативност во уникатност на проектот „СЕ ПЛАШАМ ОД МАКЕДОНЦИ“ во изведба на SETHSTAT и Mirko Popov. Испреплетување на инструметална моќна џез целина со пиано класични елементи и електронска индивидуалност сето тоа разкажано во текстуална вистина.

SETHSTAT разгледува конкретна област од музичката уметност каде идеите се резултат на урбаното живеење, но под силно влијание на традиционалното музичко богатство. Групата ја сочинуваат Vladan Drobicki (тромбон), Vasko Bojadziski (саксофон), Панче Бујуклиев(синтисајзер, пијано ((хармоника)), Павел Дробички (електрична бас гитара), Дино Милосављевиќ (тапани (перкусии)).

Употребата на фолк мотивите во нивната музика, мелодиите и ритамот како позадина, дава посебност и специфичност на секоја нота поединечно. Ова дозволува поголема слобода во изразувањето и овозможува влијание на многу други музички форми како што е миксот, истовремено зачувувајќи го силниот македонски карактер.

Но, уникатноста на овој проект е пројавувањето на Mirko Popov кој ја носи целината во поинаква димензија на совршена различност и совршена меѓусебна поврзаност каде слушателот се наоѓа во средината помеѓу пораката, дискретните електронски моменти и интензивната џез мелодија. Текстовите на Попов се совршен одраз на модерното живеење во склоп на музичкиот израз на Sethstat.

#TwelveMoonsOfJazz во умствено лебдење на звуците од албумот „СЕ ПЛАШАМ ОД МАКЕДОНЦИ“

Влез: 150 денари

Билетите се во ограничен број, а истите може да се купат преку продажните мрежи на:

http://www.mktickets.mk/
https://www.karti.com.mk/

Резервации: +389 72 562 405

Медиумски покровител: Jazz FM радио (100.8 FM)

Share Button
dare

dare

Уредник на муабет.мк

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.