Martin Buttrich во Епицентар

Martin Buttrich претставува еден од најкомплетните музичари на underground сцената. Неговата вештина позади DJ пултот, како и неговата умешност во продукцијата го позиционираа на повеќе од значајно место на електронската сцена. Со изданија за највлијателните издавачки куќи како Planet E, Four:Twenty, Cocoon, Poker Flat, Nervous и Desolat, неговата музика е присутна на сите најважни подиуми ширум светот. Доволен показател за неговата виртуозност во продукцијата е номинацијата за Grammy награда за неговиот ремикс за Tori Amos во 2003.
Ретки се музичарите со толкав талент како Buttrich. Неговото музичко патување започнува во 90-тите кога почнува со свои DJ сетови во клубови во Берлин и Хановер. Уште на 18 години започнува да експериментира со продукција, а тоа го води до проектите X-Rotation (со Daniel Bross), Rhythm Assault, Sounds of Life и Phunk Diggaz (со Andy Bolleshon). На средината на 90-тите години, започнува колаборација со неговиот близок пријател Timo Maas. Заеднички основаат студио од кое подоцна ќе излезат преку 100 ко-продукциски изданија и ремикси кои вклучуваат траки од Muse, Fatboy Slim, Josh Wink, Green Velvet, па дури и Madonna. Заедно со Timo Maas работат на преработки и на артисти како Kelis, Tom Jones, Moloko, Depeche Mode, Placebo и Roger Sanchez, а нивниот ремикс на „Dooms Night“ од Azzido Da Bass влегува во Топ 10 листата во Велика Британија.
Она што му дава вистинска вредност на Buttrich е неговата виртуозна вештина на секаков вид на музичка опрема. Тој не се ограничува на еден вид на контролер или инструменти, туку подеднакво квалитетно работи со широк спектар на дигитални и аналогни помагала и инструменти.
Уште едно клучно музичко партнерство на Buttrich е она со Loco Dice кое започна во 2002 година. За краток временски период, заедно креираа дискографија која ќе обележи цела една ера на електронската сцена. Повеќе од половина година во текот на 2006/2007 живеат заедно во New York каде се раѓа и нивниот Desolat. Дебитантскиот соло албум Buttrich го издава токму за Desolat во 2010. Од тогаш, постојано го обиколува светот со својот уникатен звук и креативни DJ сетови на најважните подиуми на планетава!

Martin Buttrich (official)
[Rhythm Assault, Desolat, Planet E] http://www.residentadvisor.net/dj/martinbuttrich
http://soundcloud.com/martin-buttrich

Local Support:
DJ Flooder

Влез:
350 МКД [до 01:00 часот]
450 МКД [по 01:00 часот]

 

Share Button
dare

dare

Уредник на муабет.мк

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.