Крводарителска акција во спомен на Тоше Проески

Традиционално, на 25.01.2017 година, по тринаесети пат ќе биде организирана голема крводарителска акција посветена на големиот хуманист Тоше Проески во знак на одбележување на неговиот роденден. Организатори на крводарителската акција се Црвениот крст на град Скопје, Општинска организација на Црвен крст Центар, Институтот за Трансфузиона медицина и Тоше фан форум клубот. Поддршка на акцијата ќе дадат членовите на Клуб 25- Скопје и волонтерите на ЦК Центар.

Датум и време на одржување на акцијата: 25 јануари (среда) во холот на Дом на АРМ во периодот од 10:00-18:00 часот.

Ликот и хуманото дело на Тоше Проески се позитивен пример и поттик за многу млади личности кои токму на овој датум даруваат крв, но и мотивација за повеќекратните дарители да продолжат со хуманиот чин.

Share Button
dare

dare

Уредник на муабет.мк

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.