100 дена нѐ делат од Виз Ер Скопскиот маратон

Штафетниот маратон: Одлична можност за градење на тимскиот дух помеѓу колегите и забава со пријателите

 Скопје, (26.01.2017)  Полека и сигурно се приближува 7 мај, денот кога ќе се одржи Виз Ер Скопскиот маратон. Остануваат уште 100 дена до најголемиот и најпопуларниот маратон во Македонија. Во моментот тече вториот рок за пријавување кој трае до 31 јануари 2017 година, а потоа цената се зголемува.

 

Како и секоја година, маратонот (42км), полумаратонот (21км) и трката од 5 километри се суштинскиот белег на Виз Ер Скопски маратон. Штафетниот маратон, 4 натпреварувачи трчаат по 10,5 км односно целата должина на маратонот, е одлична можност за развој на тимскиот дух помеѓу колегите и за забава со пријателите. Со учеството на штафетниот маратон сите ќе се забавуваат и ќе ја зацврстуваат тимската работа на начини кои се невозможни во други трки или натпревари.

 

Виз Ер Скопскиот маратон полека прераснува во најголемото натпреварување кое се организира во Македонија. Виз Ер Скопскиот маратон ги урнува темелите на конвенционалното и прераснува во настан од глобален размер исполнет со конкуренција и забава. Голем дел од учесниците кои се натпреваруваа во претходните маратони се изјаснуваат дека денот кога се одржува маратонот никогаш нема да го заборават.

 

Оваа година  промотoрки на Виз Ер Скопскиот маратон ќе  бидат трите сестри близначки од Естонија, Леила, Лина и Лили кои  учествуваа на маратонската трка на Олимписките игри во Рио. Тие прв пат започнале со трчање на 24 годишна возраст и се првите три сестри во историјата кои некогаш учествувале на Олимписки игри.

 

Пријавувањето и регистрацијата за Виз Ер Скопскиот Маратон 2017 ќе може да се изврши преку официјалната веб страна на Виз Ер Скопскиот Маратон http://skopskimaraton.com.mk/ и преку партнерот за онлајн регистрација на Виз Ер Скопскиот Маратон, www.smartrace.club.

 

Повеќе информации можат да се најдат на:

http://skopskimaraton.com.mk/ и https://www.facebook.com/skopskimaraton/

Share Button
dare

dare

Уредник на муабет.мк

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.