Едно Капаче – Една Надеж

“Едно капаче – Една надеж” е хуманитарно еколошка акција чија главна и единствена цел е да се собираат што е можно повеќе пластични капачиња.

Капачињата се испраќаат во Турција каде се рециклираат и за количина од 250 килограми се добива една инвалидска количка која ја донираме на семејство кое има потреба од истата, а нема финансиска можност самостојно да ја обезбеди.

Акцијата е започната од страна на Македонска Медицинска Студентска Асоцијација – ММСА.

Потребни ни се ФИРМИ (1) и ВОЛОНТЕРИ (2) кои со минимална посветеност би помогнале многу.

1. Имаме потреба од фирми, претпријатија, продавници, училишта, ресторанти…. кои ќе се вклучат во акцијата и каде луѓето би можеле да ги достават собраните капачиња.

Се што треба да направите е да поставите соодветна кутија и да ни испратите известување на која локација (фирма) има нов пункт, каде луѓето можат (привремено) да ги достават капачињата.

Откако ќе соберете количина на капачиња која сакате да ја предадете, ќе треба само телефонски да стапите во контакт со некој од нас и да се договорите околу транспортот на истите.

2. Имаме потреба од волонтери кои се заинтересирани да се вклучат во тимот !

– Ве молиме сите кои сте заинтересирани да ни помогнете при реализација на оваа акција да ни напишете во инбокс !
Добиваме СЕ ПОВЕЌЕ капачиња и имаме потреба од луѓе кои би ни помогнале при организација и (по можност) транспорт на капачињата.

ОВОЈ ПРОЕКТ Е ПРЕПОРАЧЛИВО ДА СЕ ОДВИВА ВО ЦЕЛА МАКЕДОНИЈА !

____________________________

Локации кои моментално имаат поставено пунктови низ Македонија:

СКОПЈЕ:

-Македонска Медицинска Студентска Асоцијација – Центар
Ул. Мајка Тереза бр.31

– Туристичка Агенција “Атлантик Турс” – Центар
Ул. Стале Попов бр. 9 – www.atlantikturs.com

– Музичко училиште “Enterprise” – Капиштец
(Пунктот ќе работи секоја сабота од 11-18 часот.) – https://www.facebook.com/Music.School.Enterprise/

– Per Te Street Restаurant – Центар
https://www.facebook.com/per.te.355/?fref=ts

– Основно училиште “Невена Георгиевa” – Кисела Вода
– Основно училиште “Кузман Шапкарев” – Драчево

КАВАДАРЦИ:

– Туристичка Агенција “Атлантик Турс”
ул. Илинденска бб

– Младински центар “Креактив”

– Pub Blue
https://www.facebook.com/pubblue.kavadarci?fref=ts

– Детска градинка “Рада Поцева”

ДЕМИР ХИСАР

– Мотел ресторан Европа

Share Button
dare

dare

Уредник на муабет.мк

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.