Операта на шумските животни – Оперска претстава за деца

ОПЕРАТА НА ШУМСКИТЕ ЖИВОТНИ – оперска претстава за деца
04.02.2017 со почеток во 12.00 часот (мала сцена)

Сценариото на оваа музичко – сценска претстава има за цел да ја запознае, едуцира најмладата публика примарно со поимите во однос на оперската уметност, а воедно и со композитори, оперски пеачи, солисти, режисер, хор и сценарист.

Сценариото изобилува со многу комични моменти кои се случуваат додека шумските животни се обидуваат да создадат оперска претстава.

Музичкиот дел е исполнет со популарни арии од оперите: „Кармен“, „Палјачи“, „Аида“, „Травијата“, „Рита“ и многу други арии и инструментални композиции кои се со адаптиран текст во својство на сценариото.

Сценарио и режија: Десанка Глигоријевиќ
Настапуваат:

Буф: Невен Силјановски
Лиска: Симона Петровски / Надежда Рубен
Меца: Марика Поповиќ / Катерина Бошковска / Биљана Баевска
Зајко: Јане Дунимаглоски / Дејан Стоев

Share Button
dare

dare

Уредник на муабет.мк

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.