“Патот кон вечноста“ Хуманитарна изложба на фотографии

Хуманитарна изложба на фотографии „Патот кон вечноста“

Во Винотека Подрум (Т.Ц.Буњаковец), на 23.02.2017 г., со почеток во 20.00 часот, ќе биде отворена изложба на фотографии изработени од Никола Веселинковски под наслов „Патот кон вечноста“.

Ќе бидат изложени 30-тина фотографии изработени во периодот од 2016 до 2017

Изложбата ќе биде хуманитарна, односно целта е со вашето присуство да му се помогне на Кире Главинчевски, кој има потреба од специјализирана инвалидска количка и скапи третмани во Словенија. На Кире му се потребни 8.000 евра за да го продолжи лекувањето, но за жал, семејството не може да ги обезбеди.

Ве очекуваме на пријатно дружење збогатено со настапот на: Чалгија саунд систем, Етно состав Монистра и др.

Facebook Event

Share Button
dare

dare

Уредник на муабет.мк

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.