Започнуваат подготовките за Саем на градежништво!

Скопје (17.02.2017) На Скопски саем започнуваат подготовките за 14от Меѓународен саем на градежништво, градежни материјали и градежна механизација и 7от RealExpo – Меѓународен саем на недвижности, кој од година во година забележува сè поголем интерес кај граѓаните. Вратите на овие високо популарни саеми ќе се отворат на 28.02.2017, вторник, и ќе останат отворени до 04.03.2017, сабота.

 

Меѓународниот сaeм на грaдeжништвo, грaдeжни мaтeриjaли и грaдeжнa мeхaнизaциja, претставува значајна специјализирана манифестација која подразбира сестрана промоција на оваа стопанска гранка на производителите од Македонија и од странство. Во рамките на Саемот на градежништво 2017, во Метрополис Арената и оваа година  ќе се одржи Саемот за недвижности и инвестиции – RealExpo. На саемот ќе се нудат и продаваат производи и услуги за работа, одржување, модернизирање, реновирање и опремување објекти. Најголема заинтересираност од граѓаните се очекува од Саемот за недвижности и инвестиции – RealExpo, каде посетителите најчесто се задржуваат на понудата на станови и куќи во Република Македонија.

 

За време на саемот, експерти од областа на енергетската ефикасност ќе ги презентираат мерките и придобивките од воведување на системи и методи за енергетска заштеда. Енергетската ефикасност полека станува значаен дел од градежната индустрија и заинтересираните граѓани за време на саемот ќе ја имаат можноста да се запознаат со најдобрите начини за заштеда на енергија во објектите.

Share Button
dare

dare

Уредник на муабет.мк

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.