Меѓународниот фестивал на поезија и уметност – Woman Scream (Grito де Mujer)

На 28. март 2017 год. ќе се оддржи, по втор пат, Меѓународниот фестивал на поезија и уметност – Woman Scream (Grito де Mujer), ширум светот познат како Women Poets International Movement (Mujeres Poetas Internacional MPI), кој потекнува од Доминиканската република. Овој фестивал претставува светски синџир на настани во март (од 1. до 31.) каде што поети, уметници и организации од различни земји волонтираат во чест на жените и испраќаат пораки на самодоверба, почит и го зајакнуваат гласот против насилство врз жените со мисија да се поттикне јавната свест за почит кон жената и да се создаде свест против насилство врз жените преку уметнички изрази и поезија. Во Македонија, со мотото „20 дена по 8. март и шчо напраифме?“ јасно упатува на фактот дека борбата за родова рамноправност е нешто што се случува постојано и трајно, а не само еден ден во годината. Од друга страна, пак, со поттекстот на уметнички фестивал, упатува на духовна и интелектуална борба и развој кај сите индивидуи. Фестивалот има уметнички нерестриктивен карактер. Тоа значи дека како учесници/чки обединува масовен број уметници/чки кои се занимаваат со различни типови уметност: поезија, слем-интерепретација, перформанси, инсталации, уметнички изложби, театар, филм, танц, музика, ракотворби итн. Да напоменеме и дека уметничките точки не е нужно да бидат рестриктивно поврзани со т.н. „женски“ теми, феминистички теми, да бидат создадени во т.н. женско писмо и сл. Добредојдени се сите оние чија што уметност не е директно инволвирана во женските прашања и положбата на жените во општеството, но кои како личности искрено се залагаат за тие прашања и ја поддржуваат идејата за родова рамносправност. Како дел од активностите, оваа година се предвидени: дебати, целодневна изложба, модни ревии, поетски митинг и слем-натпревар. Слемот ќе е тематски, а зададената тема е насилство врз девојчиња. Дозволена е нецензорирана креативност за слем-текстовите, но потребна е минимална тематска поврзаност со вака поставената општа тема. Сега за сега не можеме да кажеме дали ќе имаме средства за патни трошоци за учесниците и учесничките кои не живеат во Скопје. Меѓутоа, и покрај тоа, ги замолуваме сите оние кои сакаат да земат учество на фестивалот да се пријават на мејл: poetri.slam@yahoo.com најкасно до задутре, 22.02.2017 год., со име и презиме, а своите слем-текстови да ги достават најкасно до 25.03.2017 год. Сите настани ќе се случат на 28.03.2017 год. – вторник; слемот ќе биде 18–19 ч, а поетското читање ќе биде 19–20 ч

Share Button
dare

dare

Уредник на муабет.мк

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.