Фортификација на сино

Авторката Валентина Илијевска како млад автор, по шести пат се претставува на уметничката ликовна сцена. Со 28 минијатури,работени во акрил техника, каде што преку графичкиот јазик на нејзините дела навлегува во метафизичкиот свет каде што ја истражува-бара суштината на човековите вредности.

Преку симболот на коцката кој е сеприсутен во нејзините дела ја истакнува човековата интуинтивност за прапочетоците. Сината обоеност на квадратот е обејктивна присутност и потреба за остварување и потврдување на самата објективност.

[su_custom_gallery source=”media: 10792″ limit=”1″ link=”lightbox” width=”720″ height=”490″ title=”never”][/su_custom_gallery]

Како пандан на квадратот е коцката која е само остварлива во метафизичкиот свет, додека преку ликовниот јазик истото тоа присуство и се остварува.

Нејзиното Височество на сината коцка, за прв пат е изваден од метафичкиот свет и е ставен на пиедестал, од фортификациската база. Видлив и ранлив, на мета од објективниот свет. Затоа се подигнати четири фортификациски штафелајни страни во одбрана за нејзиното Височество.

[su_custom_gallery source=”media: 10790″ limit=”1″ link=”lightbox” width=”720″ height=”570″ title=”never”][/su_custom_gallery]

Царството каде што почиваат соништата, мечтите. Место каде што се раѓаат идеите. Родното место каде што непрекинато чука срцето на Битието. Таму е и учителката, водилка и Мајка природа која постојано не учи на цикличната борба за доброто, но и за убавото. Вкуси го доброто, допри го лошото и потоа претвори го во уметност. Тоа е и животот. За тоа царство секогаш треба да се бориме!

Share Button
dare

dare

Уредник на муабет.мк

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.