Авицена Женска трка 2017: Интересот полека го надминува рекордот од минатата година

Скопје, (08.03.2017) Со години трчањето и спортувањето се синоним за здравјето и здравиот начин на живеење за илјадници луѓе. Традиционално пред почетокот на Виз Ер Скопски Маратон сезоната на здрави навики започнува со Авицена Женска трка која оваа година ќе се одржи на 9-ти април во Градскиот Парк. Трката која е во организација на Сојуз на Спортови на Скопје и е под покровителство на Град Скопје, оваа година добива нов генерален партнер во Авицена Лабораторија.

За сите заинтересирани оваа трка е дополнително охрабрување за започнување со тренирање, вежбање и зацврстување на здравите навики. По пријавувањето кое започна на 16-ти февруари веќе се пријавени над 800 учеснички со што полека се надминува рекордниот број на натпреварувачки од минатата година. Секоја учесничка ќе добие стартен број со чип за електронско мерење на време и трите најдобро пласираните во генерален пласман ќе добијат награди како и најдобрите три по возрасни категории. По прогласувањето на најдобрите ќе следува лотарија со извлекување на стартни броеви од кои најсреќните ќе добијат вредни подароци од партнерите на Авицена Женска Трка 2017.

Авицена Женската трка низ годините успева да ги посочи здравствените придобивки од редовното спортување и да инспирира за воведувањето на трчањето како здрава навика во животниот стил кај секого и затоа оваа година истата е поддржана од Авицена Лабораторија, која како специјалистичка дијагностичка лабораторија секогаш ги поттикнува спортот и здравите навики, во насока на унапредување на човековото здравје.

Пријавувањето и регистрацијата за Авицена Женската трка 2017 ќе може да се направи преку официјалната веб страна на Виз Ер Скопскиот Маратон www.zenskatrka.mk и преку партнерот за онлајн регистрација на Виз Ер Скопскиот Маратон, www.smartrace.club.

Share Button
dare

dare

Уредник на муабет.мк

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.