Работилница на тема: Анксиозноста не е твојот лимит!

Луѓето кои живеат со симптоми на анксиозност и панични напади, вистински страдаат длабоко во себе бидејќи се преплавени со хроничен страв и вознемиреност дека постојано ги демне некаква опасност во блиска или далечна иднина и дека сето тоа не можат да го контролираат. Поради тоа тие честопати се чувствуваат блокирани дури и во наједноставните активности во секојдневието. Анксиозноста има квалитет на “магичен круг“ од кој се излегува само на кратко или воопшто не се излегува, кој самиот себе се храни, одржува и засилува. Затоа е важно личноста која страда од симптомите на анксиозност и панични напади да стекне поголема свесност за суштината на истите, со цел да научи полесно да се справува со нив и да излезе од тој“ магичен круг“ кој ја попречува да ги оствари своите потенцијали. По тој повод, ве покануваме на нашата еднодневна работилница на тема „Анксиозноста не е твојот лимит“, при што особена чест ни претставува да го најавиме еден од најуспешните претприемачи во нашата земја и во светот, Коста Петров како наш специјален гостин, кој лично со вас ќе го сподели неговото искуство за борбата со анксиозноста и надминувањето на истата.
Доколку вие или некој кој го познавате се соочува со симптоми на анксиозност и панични напади,а сакате да му помогнете, не се двоумете да ја посетите оваа работилница бидејќи ви ветуваме дека ќе стекнете нови увиди кон оваа состојба, кои ќе ви бидат од значајна корист.
За програмата на работилницата и останатите детали околу пријавувањето, може да се информирате подолу во текстот кој следи.
Програма на работилницата:
Спознавање на суштината на анксиозноста и паничните напади преку гешталтистички пристап
Анксиозноста во семеен и системски контекст
Примена на техники за справување со анксиозноста и паничните напади
Кратки практични вежби
Дискусија
*Специјален гостин: Коста Петров-основач на P-World, предавач, експерт за односи со јавност и автор
Место на одржување: Public room (Јавна соба), 50та Дивизија 22, 1000 Скопје
Датум на одржување: 11.03.2017
Час: 17.00-20.00
Едукатори: Дора Попова- психолог, социотерапевт и основач на Центарот за применета психологија “Дора“
Бојана Стојменовиќ-психолог, семеен и системски советник, автор на блогот Мој психолог https://www.facebook.com/bojana.mojpsiholog/
Котизација: 1000 денари
Контакт за пријавување: 075/310-781; 075/964-015 или на e-mail: popova_dora@yahoo.com; b.stojmenovikj@hotmail.com
Напомена: местата се ограничени.
Пријавувањето за работилницата е задолжително.
Уплатата може да се изврши најдоцна до 09.03.2017.
Сите учесници добиваат сертификат за учество.

Share Button
dare

dare

Уредник на муабет.мк

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.