Танцов перформанс (ЕУ)ропа

(Еу)ропа перформанс
(еу) ропа е уметничко истражување за облеката – преку перформанс и медиуми. Облеката нè покрива и прави да изгледаме попаметно, ни дава идентитет и боја додека лишува други луѓе од нивните основни човекови права и ја осиромашува животната средина преку производствените процеси. Облеката е најчесто главната причина за да застанеме пред огледало, па проектот (еу) ропа ќе се обиде да нè одведе пред огледалото за да се огледаме на подлабоко ниво; за да ја огледаме нашата состојба како европски граѓани и да размислиме за нашиот начин на живот; за да ја огледаме нашата состојба како човечки суштества, со оглед на тоа дека е искучително важно да ја споредиме облеката што ни го покрива телото со телото што ни ја покрива душата како постојан, а сепак непостојан фустан. Како што фустаните се затвор или ропство за некои луѓе, така нашите тела се затвор за нас самите, освен ако не го најдеме патот кон слободата.

Проектот е инспириран од катастрофалната несреќа што се случи пред неколку години во Бангладеш. Во април 2013 година, срушувањето на фабриката „Рана плаза“ близу Дака, Бангладеш, која однесе над 1100 жртви, нè соочи со најстрашната индустриска несреќа во светот по таа во Бопал, позната и како најстрашна во областа на текстилната индустрија.

Учествуваат:
Истражување и перформанс: Сабрина Железник (Словенија, Македонија), Џизела Фантакуци (Италија, Аргентина)
Кореографија: Џизела Фантакуци
Звук: Хернан Вивес (Аргентина)
Видео и фотографија: Ерминија Кардоне, Родриго Сена
Концепт: Франко Сачети (Италија)
Продукција: Инсомнија
Перформансот ќе се одржи во Пошка Театар (кеј на реката Црн Дрим, во близина на кафе Кингстон), сабота, 11.03, во 20.30мин. Изведбата е на англиски јазик
Влез бесплатен

Share Button
dare

dare

Уредник на муабет.мк

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.