Јордан Костов | Концерт во Планетариум

Драги пријатели, малиот мечок ве кани на музичко патување:
Јордан Костов и пријателите – Концерт во Планетариум
Планетариумска проекција: Даниел Анастасов
Среда, 15 март, 21 часот.

Јордан Костов – хармоника
Владимир Лукаш – електрична гитара
Петар Христов – саксофон, кларинет
Круме Стефановски – перкусии

Јордан Костов алиас Ба Це Тунг, е еден од творците на Големохармоникашката платформа во Кина, позната под слоганот „Хармоника за секое дете!“. Никогаш гонет, осудуван и протеруван, тој си ги минува деновите легнат врз кластери од звуци, леткајќи на свежото шангајско ветре како оризов лист во пролет. Живее и работи и одвреме-навреме прави концерти во планетариум
Билетите се во строго ограничен број (60) и достапни на билетарата на МКЦ, по цена од 150 денари (претпродажба) и 200 денари (на ден на настанот).

Share Button
dare

dare

Уредник на муабет.мк