Проект “Фудбал за Пријателство“

Меѓународниот детски општествено-одговорен проект “Фудбал за пријателство” го реализира АД “Газпром” во рамки на програмата “Газпром за децата“. Целта на овој проект е развој на детскиот фудбал, популаризациjа на младинскиот спорт, и здравиот начин на живот, како и едукација за толеранција и промовирањето на пријателството меѓу децата од различни земји, националности и култури. Клучните вредности коишто ги поддржуваат и ги промовираат учесниците се пријателство, еднаквост, праведност, здравје, мир, посветеност, победа, традиција и чест.

Главниот настан е Меѓународниот детски форум “Фудбал за пријателството“. На овој настан, кој се реализира еднаш годишно, младите фудбалери од целиот свет се собираат и дискутираат со претставниците на медиумите и познатите фудбалери за прашањата поврзани со почитувањето на вредностите промовирани со проектот низ целиот свет.Специјалната награда на проектот “Фудбал за пријателството” е Купот на деветте вредности. Ова е уникатен трофеј, кој секоја година се доделува на еден од професионалните фудбалски клубови за реализирањето на социјалните иницијативи кои ги имплементираат вредностите на проектот. Добитникот на купот се избира со гласање од страна на младите амбасадори. Гласањето се одржува во сите земји – учеснички ва проектот “Фудбал за пријателството“.

Годишно илјадници учесници од целиот свет се приклучуваат кон овој проект. Од почетокот на реализацијата на проектот, истиот значително е географски проширен – од 8 земји во 2013 година на 64 земји во 2017 година. Стотици млади фудбалери стануваат амбасадори на движењето “Фудбал за пријателство” и неговите вредности во своите земји. Симболот на проектот “Фудбал за пријателство” е Алка на Пријателството. Оваа алка ја носат над 400 илјади луѓе во целиот свет, вклучувајќи ги и децата, возрасните, познатите спортисти и новинари, актерите, политичарите и претседателите на различни држави.

Земjи-учеснички на проектот во 2017 година (по азбучен ред): Австрија, Азербејџан, Алжир, Аргентина, Ерменија, Бангладеш, Белорусија, Белгија, Бугарија, Боливија, Бразил, Велика Британија, Унгарија, Венецуела, Виетнам, Гана, Германија, Грција, Данска, Египет, Индија, Ирак, Иран, Исланд, Шпанија, Италија, Казахстан, Киргистан, Кина, Кореја, Латвија, Либија, Литванија, Македонија, Мексико, Мозамбик, Холандија, Норвешка, Пакистан, Полска, Португалија, Романија, Русија, Србија, Сингапур, Словачка, Словенија, Сирија, САД, Таџикистан, Танзанија, Турција, Туркменистан, Украина, Уругвај, Узбекистан, Финска, Франција, Хрватска, Чешка, Швајцарија, Естонија, Јапонија, Јужна Африка.

 

За компанијата “Газпром“:

“Газпром” е глобална енергетска компанија, чија главна деjност се геолошките истражувања, екстракцијата, транспортот, чувањето, преработката и продажбата на гасот (вклучуваjќи го и погонското гориво), гасовната кондензација и нафтата, како и производството и продажбата на топлинска и електрична енергија. Компанијата работи на териториjа на Русија, во земjите на Африка, Блискиот Исток, Европа, Латинска Америка, Централна, Јужна и Југоисточна Азија. Газпром е најголемата компанија во светот во однос на резервите на природен гас и обемот на неговото производство. Снабдувањето со гас на потрошувачите се врши во повеќе од 30 земји. “Газпром” е еден од четирите водечки руски производители на нафта, позициониран на прво место во Русија, според обемот на постоечката моќ во термоенергетската индустрија. Исто така, компанијата е и светски лидер во производството на топлинска енергија. Заедно со активниот развој на производството, “Газпром” посветува големо внимание на оштествено одговорните проекти. Компанијата помага на голем број спортски организации и обезбедува поддршка на многу настани од меѓународно и национално ниво.

 

Share Button
dare

dare

Уредник на муабет.мк

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.