Galatheia Метропол L.P. Promo Live

Почитувани љубители на модерната музика

Деби албумот МЕТРОПОЛ на Galatheia, по неколку години лутање по лавиринитите ултра-култни скопски кумпјутери, го загледува светлото на денот. Автетична музичко-социолошка афера, која преку вашите ценети ушни школки ќе се стркала директно во вашите напатени скопјански души. За да ве обземе радост од своето, наместо меланхолија.

МЕТРОПОЛ на Galatheia е модерен soundtrack за скопскиот мрак, танц и гордост. Она кога невие баш топ, али идете низ улица со подигната глава и како изгледате пуни со себе.Идете, ама и подзаигрувате.

Албум (CD+download) ќе се појави во петок 24 март, истиот ден кога ќе можете да бидете дел од Live промоцијата во Епицентар,

Програма на вечерта:

Galatheia во живо + DJ сет

Мирко Попов DJ set

Повеќе информации на следниот линк

Share Button
dare

dare

Уредник на муабет.мк

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.