Започна Националната Селекција на Млади Учесници за програмата ФУДБАЛ ЗА ПРИЈАТЕЛСТВО низ 64 земји

Во рамки на Организацискиот Комитет на Интернационалната Детска ОпштественоОдговорна програма на Газпром – ФУДБАЛ ЗА ПРИЈАТЕЛСТВО, започна Пријателското Реле (“The Friendship Relay”), составено од деца од 64-те земји – учеснички. Во текот на релето, Организацискиот Комитет во соработка со националните фудбалски асоцијации и националните медиуми ќе одбираат Млади Амбасадори, кои ќе ги претставуваат нивните држави оваа година.

Секоја од државите ќе испрати едно момче или девојче, вклучувајќи ги и децата со посебни потреби. Позициите на младите фудбалски играчи – Амбасадори од секоја од земјите учеснички беа утврдени во рамки на Отворената Ждрепка. Во рамки на ждрепката играчите беа групирани во 8 мешани интернационалнни ТИМОВИ НА ПРИЈАТЕЛСТВО – Црвен, Зелен, Цијан, Жолт, Син, Виолетов, Бел и Портокалов. Селекцијата е извршена помеѓу деца кои се љубители на фудбалот и се подготвени да се залагаат за основните човекови вредности како мир, еднаквост и пријателство помеѓу децата на нивна возраст. Организацискиот Комитет додели Млад Тренер – учесник во некоја од претходните сезони на програмата, за секој од тимовите.

Стефан Максимович (Stefan Maksimovic,14 години, Србија), е Млад Тренер на Црвениот ТИМ НА ПРИЈАТЕЛСТВО. Овој тим ќе биде сочинет од играч од одбрана од Велика Британија и дефанзивен играч од средината на теренот од минатогодишниот победник на УЕФА Европско Првенство – Португалија. Останатите играчи од црвениот ТИМ НА ПРИЈАТЕЛСТВО се претставници на Швајцарија, Украина, Полска, Хрватска, Белорусија и Мексико.

Зелениот ТИМ НА ПРИЈАТЕЛСТВО, со единствен претставник на женскиот пол помеѓу Младите Тренери – Елвира Херзхог (Elvira Herzog, 16 години, Швајцарија), ќе обедини Млади Амбасадори  од три континенти – Азија, Европа и Северна Америка. Двајцата одбранбени играчи од Јапонија и Виетнам ќе бидат придружувани од останатите двајца од Скандинавските земји – Норвешка и Финска. Во рамки на тимот на Елвира ќе бидат и играчи од САД, Романија, Србија, заедно со голман од Узбекистан. “Верувам дека тренерите мора да поседуваат одредени вештини се со цел да ги поделат улогите на играчите од тимот. Дополнително, треба да го знаат вистинскиот пристап за градење и одржување на тимот и стилот на играње”, резимираше Елвира по објавувањето на резултатите од ждрепката.

Игор Кхритсјук (Igor Khrytsyuk,14 години, Украина), Млад Тренер на Цијан ТИМ НА ПРИЈАТЕЛСТВО во својата екипа ќе има одбранбен играч од Холандија и напад од Јужно Американската држава Уругвај од каде потекнува и познатиот Луис Суарез (Luis Suárez) кој моментално игра за ФК Барселона. Покрај останатите селекции, Игор ќе има двајца дефанзивни играчи од средината на теренот од соседните земји Киргистан и Таџикистан, централни играчи од Бангладеш, Македонија и Република Гана, како и голман од Ирак.

Жолтиот ТИМ НА ПРИЈАТЕЛСТВО, предводен од најискусниот Млад Тренер, Фелипе Соарес (Felipe Soares, 17 години, Португалија, ФК Бенфика), ќе соедини репрезентативци од четири различни континенти. Фелипе изјави дека му се допаѓа разноликоста на државите и нагласи дека одбраната од Исланд изгледа како одличен избор, затоа што играчите од оваа земја се најчесто високи и во добра физичка форма. Неговиот тим ќе биде составен од напаѓачи од Венецуела и Ерменија, одбранбени играчи од Словенија и Пакистан и двајца дефанзивни играчи од средината на теренотод Јужна Африка и Јужна Кореа. Фелипе очекува дека улогата на голман ќе биде одлично одиграна од страна на Младиот Амбасадор од една од земјите со најголема популација – Индија.

Првото извлекување на ждрепката, во рамки на синиот ТИМ НА ПРИЈАТЕЛСТВО и на најмладиот тренер во Петтата Сезона – Чарли Суи (Charlie Sui, 12 години, Кина), им донесе играч-сограѓанин. Позицијата втор напаѓач ќе биде пополнета со играч од Франција. Дел од овој тим ќе бидат и Младите Амбасадори од Мозамбик, Казакстан, Грција, Унгарија и Белгија, а на позиција голман ќе се најде играч од Естонија.

Брендон Шабани (Brendon Shabani, 15 години, Велика Британија), Млад Тренер на виолетовиот ТИМ НА ПРИЈАТЕЛСТВО, е среќен што ќе добие два фудбалери од земјите победнички на Светското Првенство – Бразил, петтократен победник на Светскиот Куп, и Германија, четворократен победник на Светскиот Куп. Покрај голманот од Туркменистан, Виолетовиот тим ќе биде сочинет од млади спортисти од Турција и Сирија, Литванија, Латвија и Танзанија.

Микхаил Бабич (Mikhail Babich, 16 години, Русија) и неговиот бел ТИМ НА ПРИЈАТЕЛСТВО ќе обедини репрезентативци од три различни континенти – Азија, Африка и Европа. “Италијанскиот дефензивен играч од средината на теренот изгледа ветувачки. Италијанскиот национален фудбалски тим досега четири пати има победено на Светскиот Куп и сум сигурен дека повторно ќе се борат за титулата Светски Шампиони во Русија во 2018”, изјави Микхаил. Вториот дефензивен играч од средина на теренот доаѓа од Иран. Одбранбените играчи од Данска и Австрија, напаѓачот од Словачка и двајцата играчи од Африканските земји Египет и Алгерија исто така ќе бидат дел од белиот ТИМ НА ПРИЈАТЕЛСТВО. Последното извлекување на играч за тимот на Микхаил го донесе голманот од Русија. “Руските голмани традиционално имаат одлични вештини и голема дарба. Единствениот голман во историјата кој е добитник на главната фудбалска награда за личен перформанс беше Лев Јашин (Lev Yashin) – фудбалска икона и легендата од ФК Динамо Москва”, изјави Микхаил коментирајќи ги резултатите од ждрепката.

Рене Ламперт (Rene Lampert, 15 години, Словенија), Младиот Тренер на Портокаловиот ТИМ НА ПРИЈАТЕЛСТВО, ќе работи заедно со селекција играчи од Шпанија и Аргентина, голман од Либија и централни играчи од Сингапур, Азербејџан, Боливија, Чешка и Бугарија.

Сите млади фудбалери ќе ја имаат улогата на амбасадори на клучните вредности на проектот и заедно ќе бидат дел од Интернационалното “Фудбал за Пријателство“ Првенство 2017 и Интернационалниот “Фудбал за Пријателство“ Детски Форум 2017, кои ќе се одржат во Сент Петерсбург од 26. Јуни до 3. Јули, 2017. Како дел од активностите, сите учесници ќе го посетат финалето на ФИФА Купот на Конфедерации 2017, кој ќе се одржи на Стадионот Сент Петерсбург во истоимениот град во Русија.

Share Button
dare

dare

Уредник на муабет.мк