Саем на книгата, Скопје травел маркет и Денови на образование и кариера од 4-ти до 10-ти април

29-от Меѓународен саем на книгата, 20-от Меѓународен саем за образование и кариера и Скопје травел маркет започнуваат на 4ти април и ќе траат сè до 10ти април 2017 на Скопски саем. Овие денови на Скопски саем се резервирани за сите чија имагинација талка, кои отвораат нови поглавјa и кои сакаат да го видат светот.

Саемот на книгата е една од најзначајните културни манифестации во Македонија обезбедувајќи ја најголемата концентрација на дела од домашни и странски автори, современи и класични литературни дела, стручна, научна и белетристичка литература, учебници и училишни прирачници, енциклопедии и дела од областа на културата и уметноста. Овој саем е креатор на традицијата и култот кон пишаниот збор поттикнувајќи безброј луѓе од година во година да се вљубуваат во книгата.

Манифестацијата „Денови на образование и кариера“ на едно место ги обединува сите државни и приватни високообразовни институции од земјата и странство кои пред посетителите ги претставуваат додипломските и постдипломските студиски програми, институциите и компаниите кои имаат програми за студирање со стипендии и кредити, компании кои нудат професионална пракса за студентите, како и компании кои нудат вработување на квалификуван кадар на соодветни работни позиции. Овој настан е наменет за студентите од сите степени, како и ученици од средно образование, идни студенти, кои треба да целат кон донесувањето на правилна одлука за нивното натамошно образование и професионална ориентација.
Скопје травел маркет е уникатна можност за квалитетно разгледување на туристичката понуда и опции за патување за секој кој сака да го види светот. Туризмот неминовно се вклопува во трендовите на општествениот и социјален живот на 21от век.
Саемите ќе бидат отворени од 10.00 до 20.00 часот, цената на влезницата за сите посетители изнесува 30 денари.

Share Button
dare

dare

Уредник на муабет.мк

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.