Новиот Самсунг “Gear 360” Воведува Вистинско 4K Видео и Снимање на Содржината во 360°

Самсунг Електроникс (Samsung Electronics Co., Ltd.) денес го објави новиот Samsung Gear 360 – камера со способност за 4K резолуција 360° со префинет дизајн за полесно управување. Со волшебните карактеристики за високо квалитетна содржина, Gear 360 е лесен и компактен и нуди проширен Samsung VR екосистем.

“Со сè поголемото насочување на потрошувачите кон споделувања на нивните видеа, сакаме да им испорачаме достапни и иновативни производи за полесно креирање и споделување на дигиталната содржина. Ажурираниот Gear 360 ќе продолжи да се шири во поглед на доживувањето и споделувањето од страна на потрошувачите.” – изјави Јунгхи Ли (Younghee Lee), Извршен Потпретседател за Глобален Маркетинг, Дивизија за уреди за носење и Мобилна Комуникација, Самсунг Електроникс.

Магични Карактеристики за Високо Квалитетна “360” Креација
За првпат Gear 360 нуди 4K снимање на видео за извонредна и реална дигитална содржина. Опремен е со сензори за слика од 8.4 мегапиксели и “Bright Lens F2.2” на двете двојни “fish-eye” леќи, што допринесува Gear 360 да креира слики со висока резолуција.

Gear 360 дава потпора на иновативните технологии и услуги на Самсунг за беспрекорно споделување, гледање и уредување на содржината. Без разлика дали ќе биде креирање на 360° видео или фотографија, корисниците ќе имаат пристап до различни начини на гледање, алатки за уредување, фото ефекти и филтри за да можат да ја креираат корисничката содржина. Истотака, корисниците ќе можат без никаков напор да ги конвертираат 360 видеата во стандардни формати за лесно споделување на содржините.

Секогаш Поврзани со “360 Social Live Broadcast”
Gear 360 воведува инстантно споделување на содржината во реално време (real-time). Кога Gear 360 е синхронизиран со компатибилен паметен телефон или компјутер, новиот уред им овозможува на корисниците да ги споделат нивните најдобри доживувања со високо квалитетен пренос во живо или преку директно прикачување на платформи како Facebook, YouTube или Samsung VR.

/su_custom_gallery]

Проширена Компатибилност за поголеми 360 Доживувања
Gear 360 е компатибилен со избор на “third-party” додатоци и држачи. Исто така, последното издание на Gear 360 е компатибилен со врвните уреди на Самсунг вклучувајќи ги и ново издадените Galaxy S8 и Galaxy S8+, Galaxy S7, Galaxy S7 edge, Galaxy Note5, Galaxy S6 edge+, Galaxy S6, Galaxy S6 edge, Galaxy A5 (2017) и Galaxy A7 (2017). Gear 360 нуди и поголема компатибилност со iOS уредите, вклучувајќи ги iPhone 7, iPhone 7 Plus, iPhone 6s, iPhone 6s Plus и iPhone SE, како и Windows и Mac комјутерите.

За дополнителни информации, ве молиме посетете ги веб страните: www.samsungmobilepress.com, http://news.samsung.com/galaxy или www.samsung.com/galaxy.

  Gear 360 (2017)
Камера Две CMOS 8.4-мегапиксели fish-eye камери
Процесор на слика DRIMe5s
Видео MP4 (H.265)

– Двојни леќи: 4096×2048 (24fps)

Слика JPEG

– Dual Lens: 15MP

Звук Кодек: ACC

Формат: MP3, M4A, AAC, OGG

Меморија microSD card (До 256GB)
Карактеристики Режим на снимање

Видео, Фотографија, “Time Lapse” Видео, “Looping” Видео, “Landscape HDR”

IP53 – Сертификат за отпорност на прашина и вода
Режим на камера

Двоен/Поединечен режим на леќи

Поврзување Wi-Fi 802.11 a/b/g/n/ac (2.4/5GHz)

Wi-Fi Direct

Bluetooth v4.1

USB 2.0 (Type-C)

Димензии 100.6×46.3×45.1 mm
Тежина 130g
Батерија 1,160mAh Li-ion
Компатибилност Galaxy S8, Galaxy S8+, S7, S7 edge, S6 edge+, S6, S6 edge, A5 (2017), A7 (2017) *Android 5.0, а понатамошно и iPhone 7, 7 Plus, 6S, 6s Plus, SE, *iOS 10.0 или Windows, macOS

*Сите функции, карактеристики и други информации за производите изнесени во овој документ вклучувајќи ги, но не ограничувајќи се на бенефиции, дизајн, цени, компоненти, перформанс, достапност и способности на производот, се подложни на промени без претходни известувања и обврски.
За компанијата Samsung Electronics Co. Ltd
Samsung Electronics со своите иновативни идеи и технологии го инспирира светот и ја обликува иднината. Samsung поставува нови стандарди во светот на телевизорите, паметните телефони, таблетите, камерите, дигитални домашни уреди, медицинскате опрема, мрежните системи, како и решенијата во областа на полупроводниците и LED уредите. За да дознаете повеќе за Samsung и сѐ ново во врска со компанијата, посетете го официјалниот портал „Samsung Newsroom”

Share Button
dare

dare

Уредник на муабет.мк

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.