Аукција за дечињата од ХОПС

На 11 април во 19 часот во Јавна соба (Public Room), правиме аукциска вечер. Таа вечер ја посветуваме на дечињата чии родители се корисници на дроги и сексуални работници.

Како недостиг на финансии имаме потреба да мрдаме со прст и да направиме нови акции за да можат нашите дечиња да продолжат да доаѓаат во дневниот центар за рехабилитација и ресоцијализација на ХОПС, каде ќе продолжат да разговараат со својот психолог, да работат со својот педагог, ќе комуницираат со социјалните работници, ќе изработуваат креативни изработки, ќе го развиваат својот креативен ум, а воедно ќе им овозможиме и посети на културни и социјални активности.

Ова ни беше мотивација да се организираме и исконтактираме луѓе кои би сакале да ни помогнат и за наша среќа многу уметнички и уметници прифатија.

Затоа на 11-ти април од 19 часот во Јавна соба, заедно со Мрдни со прст / Lëviz me gisht организиравме аукциска вечер.

Во 19 часот да почнеме да се собираме и Jас сум Цако- I am Cako да почне да нѐ забавува со неговата плеј листа.

Во 20 часот се надеваме до 20 и 15 можеме да почнеме со аукцијата каде Сашко Коцев (Sasko Kocev) ќе нѐ мотивира да купиме некое од делата на нашите уметници.

Имаме и мени на емпатија 🙂

• Тивка аукција: ако сакате срамежливо и тивко до се наддавате за делата изработени ид нашите дечиња и од уметниците, можете тоа да го направите со тивката аукција, на хартија.
Тука имаме различни изработки, маици, чаши, лампи, фотографии, накит.
• Гласна аукција: ако сакате гласно да се наддавате, Сашко ќе ви помогне.
• Ќе имаме и кутија за дарежливи рачиња.
• Директна продажба на книги

Ви благодариме дечиња за изработките и Vane Kosturanov, Zoran Cardula, Goran Kostovski (Индог), Toni Popov, Vanja Shtrkova и Katja Shtrkova, Irina Tosheva, Ivan Petrushevski (Флим), заљубенковци Jana Jakimovska и Nenad Tonkin, Ana Bunteska, Vlatko Dekov, Нора, Ани Би, Elena Fidanska, Erina Bogoeva, Dejan Boskovski, David Ristevski (Dreadpen), Em Ellephantski, Lilika Strezoska, Doroti Pachkova, Скопско астрономско друштво / Skopje Astronomical Society и Martin Stojanovski, Гордана Вренцоска, Aleksandar Naumceski, Simona Simona (ти благодариме за работилниците ♥), Анастасија Величковска, Лидија Колега, Соња Манџук, Васко Серафимов, Марија Трпеска, Тихомир Јанчовски, Александар Русјаков, Irena Mila. Многу ни е драго дека се вклучија и самите родители на децата со свои дела.

По аукцијата продолжуваме со журка, ама во следниве денови ви откриваме со кого.

*(поддршката ни се заголемува, секое име кое ќе се вклучи ќе си го додадеме на самиот ивент)

Им благодариме на Град Скопје Официјален профил за досегашната поддршка, на Симона Спировска, Milosh B. Andonovski, Театар за сите, Teatar za deca i mladinci – Skopje, Vladimir Lazovski, Kalina Kosi, Konekt, Telekom MK за пакетчињата и Sasko Kocev за минатата година што не поддржаа со мини возбудливи акции за децата и родителите. Дојдете си на 11-ти да се дружиме пак. ♥

Share Button
dare

dare

Уредник на муабет.мк

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.