ДВОДНЕВНА РАБОТИЛНИЦА ПО ПРОГРАМАТА “КРЕИРАЈ СЕ СЕБЕСИ“

Дали постојано се соочувате со исти или слични ситуации во личниот и професионалниот живот и имате желба да го промените тоа? Работите кои постојано се повторуваат во нашиот живот се викаат ОБРАЗЦИ и тие не зависат од околината, туку зависат само од нас. Добрата вест е дека постои начин како можеме да го промениме тоа.

Она што го гледаме надвор од себе е резултат на она кое го носиме длабоко во себе.За да направиме било каква промена потребно е да почнеме со промената од самите себе.Тоа е единствениот начин кој може да ни даде трајни резултати.

Програмата “Креирај се себеси“ ви нуди метода која ќе ве доведе до вистинска внатрешна трансформација на секое ниво од вашето постоење (ментално, емотивно и духовно).
Оваа работилница ќе ви помогне да се ослободите од ограничувањата и да го промените вашиот поглед кон животот, да постигнете внатрешен мир и емотивна стабилност, да изградите позитивен ментален став, да престанете да живеете на туѓ идентиет и да се ослободите од несвесниот терет од минатото кој го провлекувате низ сегашните искуства.

Темите кои ќе ги работиме овие два дена се:
– Принципи за креирање на себеси
– Идентитет ( колку живееме на свој идентитет)
– Креирање на позитивна слика за себе
– Негативни мисли и верувања
– Патување низ временската линија (минато, сегашност, иднина)
– Ослободување од негативните емоции
– Семејни консталации ( враќање на теретот )
– Простување
– Мисија и фокус
– Креирање на нова приказна
– Афирмации
– Идеакција ( Активна визуализација)

Овие два дена ќе ви помогнат да го видите она кое досега не можевте, да го вратите она кое не е ваше на местото каде што припаѓа, да го изразите она кое досега не успеавте, да се збогувате од она кое повеќе не ви служи, да ја видите својата вистинска сила и да направите еден голем чекор креирајќи се себеси повторно како својата најдобра верзија.

Промотивна цена за присуство : 5900 денари

Бидејќи местата се со ограничен број, ве молиме вашата пријава извршете ја најкасно до 18.04
Вашите пријави испратете ги на маил info@ilinavedran.com

Сите оние кои ќе присуствуваат на оваа работилница ќе имаат можност да продолжат на вториот семинар на обуката за ТРЕНЕРИ ЗА ЛИЧЕН РАЗВОЈ по оваа метода кој ќе се одржи една недела по оваа работилница, на 29 и 20 Април.За повеќе информации околу обуката и цената на истата обратете се на на info@ilinavedran.com
www.ilinavedran.com/obuki

Share Button
dare

dare

Уредник на муабет.мк

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.