Во Светот на Ерик Карл

Француското Интернационално Училиште од Скопје ги поканува сите деца на возраст од 3 до 7 години на едно волшебно и креативно патување.

Запознајте го светскиот детски автор ЕРИК КАРЛ преку неговите најпознати приказни ‘’Гладната стоногалка’’ (The Very Hungry Caterpillar) и ‘’ Пајакот што не го губи своето време’’ (The Very Busy Spider) раскажани од нашата педагошка екипа.

Придружете нѝ се на викенд исполнет со читање, креативност, уметност и многу забава.

Ќе ве научиме да создадете ваша приказна и како со едноставни материјали може да направите прекрасни цртежи….на начин на Ерик Карл.

Сите учесници се дел од наградната игра на Француското Интернационално Училиште од Скопје!

Ерик Карл е реномиран автор на брилијатно илустрирани и дизајнирани сликовници за деца. Неговито најпознато дело, ‘’Гладната стоногалка’’, го јаде својот пат во срцата на буквално милиони деца низ целиот свет и е преведена на 62 јазици и продадена во повеќе од 44 милиони примероци.

Задолжителна резервација на:
vkovaceva@efis.mk или 076/496-522

Резервација на следниот линк

Бројот на места е ограничен !

Share Button
dare

dare

Уредник на муабет.мк

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.