Покана за квалитетните компании во Македонија

Меѓунарондата организација ICERTIAS ги повикува висококвалитетните компании во Македонија да се пријават за престижната меѓународна бизнис награда ICERTIAS Customers’ Friend

Скопје – 02. Maj, 2017 – Меѓународната организација ICERTIAS во Македонија ја претстави својата програма во која се наградуваат оние компании кои имаат извонреден однос со своите клиенти и вработени. Сите квалитетни компании во Македонија се поканети да се пријават за оваа престижна меѓународна деловна награда.
Наградата “Customers’ Friend“ е меѓународен проект кој за прв пат е воведен на европскиот пазар во 2014 година, а од оваа година е достапен и на територијата на Македонија.
“ICERTIAS Customers’ Friend“ има за цел во својата програма да ги обедини компаниите и организациите кои спроведуваат и поттикнуваат фер и професионален однос на пазарот, пријателска и професионална комуникација со своите корисници и одлична корисничка поддршка, кои позитивно влијаат врз општествената заедница на територијата на која работат.

Компаниите и организациите кои се заинтересирани да се придружат на програмата за сертификација “ICERTIAS Customers’ Friend“ внимателно се истражени од страна на експерти – аналитичари на пазарот на ICERTIAS врз основа на секундарно истражување на пазарот.

Целта на меѓународната програма “ICERTIAS Customers’ Friend“ е промовирање и поттикнување на квалитетот во односот помеѓу врвните компании и нивните корисници, клиенти, вработени и деловни партнери.
Повеќе информации за овој меѓународен проект за сертификација можете да најдете на интернет страницата: www.customersfriend.org.
Компаниите во Македонија кои сметаат дека имаат висококвалитетен и исклучителен однос со своите корисници и клиенти, како и со своите вработени, можат да се пријават за оваа престижна бизнис награда на интернет страницата: www.customersfriend.org/application или преку адресата за е-пошта: certification@icertias.com.

ЗА “ICERTIAS CUSTOMERS’ FRIEND“
Мисијата на програмата “ICERTIAS Customers’ Friend“ е да ги пронајде, анализира и означи компаниите и организациите на пазарот кои имаат исклучителен однос кон своите клиенти (потрошувачи и корисници), вработени и деловни партнери.

Оние компании кои ги исполнуваат критериумите за сертификација, подготвени се да потпишат Изјава за “ICERTIAS Customers’ Friend“ и да делуваат согласно правилата наведени во неа, влегуваат во рамки на програмата за сертификација за “ICERTIAS Customers’ Friend“ и можат да го користат медалот “ICERTIAS Customers’ Friend – БИДЕЈЌИ ГИ ЦЕНИМЕ НАШИТЕ КОРИСНИЦИ” во своите промотивни активности.

Целта на меѓународната програма “ICERTIAS Customers’ Friend“ е да се промовира и охрабри квалитетот на односот помеѓу врвните компании и нивните корисници, клиенти, вработени и деловни партнери.
Меѓународна организација за сертификација ICERTIAS, со светско седиште регистрирано во Цирих, Швајцарија, стои зад програмата за сертификација “ICERTIAS Customers’ Friend“.

ЗА ICERTIAS
ICERTIAS е модерна, приватна, политички независна, меѓународна организација за истражување на пазарот и сертификација, која открива, сертифицира и наградува компании, производи и услуги со највисок калибар, упатувајќи ги корисниците од целиот свет до најдоброто што може да го понуди пазарот. Со своите програми за сертификација “Best Buy Award“, “QUDAL – QUality meDAL“ и “Customers’ Friend“, ICERTIAS во моментов е присутна во повеќе од 40 земји на пет континенти. Формирана во Швајцарија во 2011 година, организацијата ICERTIAS е регистрирана како “ICERTIAS – International Certification Association GmbH“ во Трговскиот регистар на Кантонот Цирих.

За повеќе информации посетете ја страницата www.icertias.com.

Share Button
dare

dare

Уредник на муабет.мк

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.