HARDWELL И AFROJACK ОФИЦИЈАЛНО ГИ НАЈАВИЈА НАСТАПИТЕ НА OHRID CALLING 2017!

Сакаме да Ве информираме дека познатите диџеи HARDWELL и AFROJACK, официјално ги најавија нивните настапи на претстојниот фестивал OHRID CALLING 2017, кој ќе се одржува на 01 и 02 август, на стадионот „Билјанини извори“, во организација на Авалон Продукција.
Како што и претходно веќе најавивме, HARDWELL и AFROJACK за прв пат доаѓаат во Македонија, како хедлајнери на фестивалот, кој иако годинава ќе го има своето второ издание, веќе стана препознатлив бренд во Македонија и во регионот.

AFROJACK е еден од најтиражните изведувачи на дeнешницата, а воедно можеби и највлијателниот диџеј и продуцент. Неговото доаѓање во Македонија со нетрпение се очекуваше во целиот регион, а ова ќе биде и единствениот негов настап на овие простори. Зад себе има Греми награда, а неколку години по ред, како и годинава, се наоѓа во топ 10 најдобри диџеи според сите релевантни диџеј листи.

Високотиражниот хитмејкер HARDWELL, пак, со години е во топ 3 најдобри диџеи на светската ранг листа, а воедно е и најмладиот на кој тоа му пошло од рака. Директните преноси на спектакуларните настапи во живо со кои HARDWELL едно по друго ги освојува најголемите фестивалски бини на планетата, заедно со спотовите и видеоблогот на YouTube, вкупно имаат повеќе од милијарда прегледи. Станува збор за досега незабележан случај на успех на електронската сцена, но и феномен кој одекна во светската музичка индустрија.
Специјален гостин на настапот на AFROJACK на 01-ви август ќе биде RAVITEZ, додека на настапот на HARDWELL на 02-ри август, ќе бидат познатите имиња KILL THE BUZZ и DANTE KLEIN.

Билетите за фестивалот OHRID CALLING 2017 се во продажба преку продажната мрежа на Купи Карти За Се низ цела Македонија, Југотон и онлајн на веб страницата на ККЗС, по цена од 1000 денари ПАРТЕР, 1.500 денари ФАН ПИТ, 1.500 денари ВИП и 2.000 денари УЛТРА ВИП.
Во продажба се пуштени и блок влезници за двата фестивалски дена кои чинат 1.500 денари за ПАРТЕР и 2.000 денари за ФАН ПИТ.

Share Button
dare

dare

Уредник на муабет.мк

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.