5-ти Интернационален детски фестивал на театар на сенки  ♥ ~ СОНОТ НА ОБЛАЧЕТО ~ ♥

19-ТИ НОЕМВРИ – НЕДЕЛА
14:00ч. Работилница под водство на ТЕАТАР СЕНКИ И ОБЛАЦИ и Доротеј Нешовски*
(Детски креативен центар МКЦ)
/ 2часa / 5+ год. / македонски /

20-ТИ НОЕМВРИ – ПОНЕДЕЛНИК 
19:30ч. „ЈАС И БОЛВАТА“ Lichtbende – Холандија
(Сцена Фросина)
/ 50 мин. / 4-104 год. / English / македонски /

Возбудлива приказна за невино улично куче кое го пронаѓа својот нов дом во едно грижливо семејство. Но кој би знаел дека во своето крзно кучето крие едно чудо болви кои започнуваат да лумпуваат низ домот. Што да се прави? Да го избркаат кучето или да се истребат болвите? Го избираат второто.
Учеството на фестивалот е реализирано со финансиска поддршка од Амабасадата на Кралството Холандија.

19:30ч. Изложба на традиционални кинески кукли за театар на сенки
(Фоаје на Сцена Фросина)

20:30ч. Коктел

21-ВИ НОЕМВРИ – ВТОРНИК

18:00ч. Работилница под водство на SOMBRAS CHINAS – Шпанија*
(Горно фоаје)
/ 1 час / 5+ год. / English / македонски /
Со актерката од SOMBRAS CHINAS – Valeria Guglietti ќе научиме како вешто да си играме со сенките на нашите раце.
19:30ч. „РАЧИЊА“ Sombras Chinas – Шпанија
(Сцена Фросина)
/ 45 мин. / 0-99 год. / English / македонски /
Во локалното кафуле, еден човек го пие своето утринско кафе… Одеднаш во оваа навидум секојдневна приказна заигрува фантазијата, која започнува да ги скокотка нашите чувства, а смешните епизоди, згоди и незгоди, не’ забавуваат и насмеваат.

22-РИ НОЕМВРИ – СРЕДА
17:30ч. Работилница под водство на LICHTBENDE – Холандија*
(Горно фоаје)
/ 1час и 30мин. / 4+ год. / English / македонски
Со уметниците од LICHTBENDE ќе изработуваме кукли од рециклирани материјали кои потоа ќе ги проектираме со помош на магичните лампи. А за крај ќе изиграме една кратка претстава пред нашите родители во 18.30ч.

19:30ч. „МАЛИОТ ПРИНЦ“ Театар Сенки и Облаци – Македонија
(Сцена Фросина)
/ 40мин. / 5+ год. / македонски /
Колку ли планети постојат околу нас? На кои од нив стапнал Малиот Принц? Кого ли уште не сретнал и што ли уште сака да види? Очите се слепи, треба да се бара со срцето…

Билети 150 ден.
Организирани посети (10+ посетители) 120 ден.
Информации на тел 079 296 057.

*На секоја работилница бројот е ограничен на 30 учесници.
Резервација за учество на тел 079 296 057.
Учеството на работилниците е бесплатно.

Организатори: Круме Стефановски, Катерина Стефановска, Благородна Коцева Симјанов, Александра Стојановска, Ивона Ѓорѓиовска.

Графички дизајн: Иван Петрушевски ФЛИМ

Facebook Event

Share Button
dare

dare

Уредник на муабет.мк

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.