Влез во 2018-та со Antigone

31.12.2017
DJ Flooder
Ana Malo
Dusko Janevski
Antigone [Token, Construct Re-form]

Пред продажба 600MKD Влез 800MKD

Од фронтот на француската techno сцена, во Епицентар ни доаѓа Antigone. Водачот и менторот на една цела нова млада генерација диџеи и продуценти. Со своето прво EP Forbidden издадено заCONSTRUCT RE-FORM, Antigone достигнува одлични критики кај неговите колеги како и со неговото деби издание Menace of Species заConcrete Music.

Стилот на Antigone, најдобро се отсликува во траките како As I walk to you за Construct Re-Form и The Day the Sky Fell за Indigo Aera покажувајќи еден личен, мелодичен и меланхоличен стил на продукција. Можеби најдобро признание за неговите одлични диџејски способности е фактот што е резидент веќе 5 години во француската техно престолнина CONCRETE.

Неговиот успех најмногу се должи на препознавањето на неговиот диџејски талент и продукција од новата француска сцена, издавајќи заPole Group (Compilation Unknown Landscapes Vol. 3 mixed by Exium), за Dement3d – колаборацијата со François X, како и неговиот rework на Slam – Positive Education за 25 годишнината на Soma Quality Recordings.

Влезот во новата 2018та во Епицентар заедно со DJ FlooderAna Malo,Dusko Janevski и Antigone е како природно потсетување дека квалитетот е единствена референца која ни е важна за да ги отвориме вратите на DJ кабината. 

Share Button
dare

dare

Уредник на муабет.мк

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.