Beach Film Festival

Гледање филмови на плажа + забава до изгрејсонце = Beach Film Festival 🙂

Од 19 до 22 јули оваа година ќе се одржи првото издание на фестивалот на нов европски филм – „Бич филм фестивал“ на кој проекциите на филмовите ќе се одржуваат на плажа.
За изборот на најдобар филм ќе биде задолжено стручно жири составено од докажани имиња од филмската индустрија: Јелена Јованова, Марјан Алчевски, Весна Дамчевска.
Преку ден ќе има работилници за деца и млади, работилници за актерска игра, филмска едукација и креативен документарен филм.

На крајот од дневните фестивалски активности и вечерните филмски проекции, секоја вечер, на полноќ, на плажата “Оревче” ќе има забавна програма со концерти и настапи на домашни и интернационални бендови и изведувачи koja ќе трае до изгрејсонце.

Цената на билетите изнесува 150 денари. Истите можат да се купат на влезот од плажата “Оревче”.

П.С. Гратис пуканки за ситеее! 😀

 

Facebook Event

Share Button
dare

dare

Уредник на муабет.мк