МИСИЈА ЗА СПАСУВАЊЕ ДЕЦА ВО ТАЈЛАНД НА ДИСКАВЕРИ КАНАЛОТ

Дискавери Ви ја прикажува приказната за неверојатното спасување на тајландискиот фудбалски тим која го потресе целиот свет, во документарниот филм ,,Мисија за спасување деца во Тајланд’’.

Едночасовниот документарец ќе се емитува во недела ,22 јули во 21.00 часот на Дискавери каналот.

Од моментот кога медиумите ја пренесоа веста за младите 12 тајландски фудбалери и нивниот 25 годишен тренер кои останале заробени во пештерскиот комплекс во близина на границата Myanmar, светот со нетрпение ги следеше деталите околу спасувачката акција. Повеќе од две недели се собираа податоци околу тоа како заврши мисијата и како ни покажа за моќта и силата на човековиот дух и трагичното загинување на едниот нуркач кое ја прикажа сериозноста на целата настаната ситуација.

[su_custom_gallery source=”media: 16204″ limit=”1″ link=”lightbox” width=”750″ height=”560″ title=”never”][/su_custom_gallery]

По спасувањето на сите деца, останаа многу отворени прашања. Зошто воопшто биле таму?
Како преживеале две недели без храна, а не ни знаеле да пливаат?
Како ќе се развива нивната физичка и ментална состојба?
Што се било потребно за да се извлече групата од оваа неверојатна пештера и зошто нејзината уникатна геологија претставуваше таков предизвик за спасителите?
МИСИЈА ЗА СПАСУВАЊЕ ДЕЦА ВО ТАЈЛАНД е првиот документарец кој ја истражува и ги открива сите детали од оваа извонредна акција.
МИСИЈА ЗА СПАСУВАЊЕ ДЕЦА ВО ТАЈЛАНД – Дискавери ни ја открива човековата и научната драма во една од најтешката спасувачка акција во човековата историја.
Со ексклузивен пристап до луѓето кои беа дел од сите случувања, како и до членовите од семејството на заробените деца, документарецот се фокусира на триумфалноста на човековиот дух и на извонредните научни и технолошки иновации кои се користеа при оваа мисија.
Додека времето одминуваше и се закануваа монсунските дождови, спасувачите во пештерскиот комплекс и над земјата, го планираат секој нареден потег.
Од интервјуто со медицинските лица и психијатриските стручњаци, водечките стручњаци за спасување како и реномираните инструктори за нуркање, филмот ни ја открива комплетната слика за доживувањата на децата и спасувачите кои херојски го постигнаа невозможното.

[su_custom_gallery source=”media: 16204″ limit=”1″ link=”lightbox” width=”750″ height=”560″ title=”never”]Погледнете ги парчињата женска облека инспирирани со Математички теми.[/su_custom_gallery]

По спасувањето на децата и нивниот тренер на 10 јули, светот конечно здивна, после цели 18 дена.
Сега заеднички ги откриваме одговорите кои ни ребаа да разбереме што вусшност се случило и како резултатот би можел да биде поинаков.

Share Button
dare

dare

Уредник на муабет.мк