Разговор со младата и талентирана Ива Пуовиќ

Почитувани читатели, чест ние да ви ја претставиме младата и талентирана Ива Пуовиќ .Која е  Ива и со што се занимава ќе откриете во интервјуто подоле.

-Ајде прво да започнеме со тоа која е Ива ?

 Ќе искористам еден мал цитат од една моја песна која сметам дека одличнo ќе се вклопи во прашањето.

 

Јас сум само поет,

слаткоречив измамник,

сокриен под сенка

на својот лик,

наречен поет

кој знае да љуби,

само во поезија стих.

 

Добитник сум на “Награда за најмлада поетска искра,, –2017 – Гостивар. Дел од моите дела се објавени во збирката “Црвени ружи,,. Пишувањето поезија е мојата прва и најголема љубов. Имам одиграно неколку аматерски претстави и одлично се чувствувам на сцената. Уметноста за мене претставува посебна димензија во која се однесувам слободно и ја развивам својата креативна моќ, а исто така сметам дека секој од нас ја поседува истата.

-Кога започна да пишуваш?

Кога ја научив азбуката. Се шегувам, пишувам уште од основно каде учествував на многу конкурси за поезија на кои имав одлични резултати и многу награди.

Најмногу од се’ ме радувааt и се уште ме исполнуваат  убавите зборови на читателите кои на некој начин успеале да се пронајдат во моите дела и сликовито да ги доживеат стиховите на поезијата.

 -Од каде најчесто инспирацијата?

Морам да признаам, инспирација најчесто ми се ликовите со кои не сум дирекно поврзана, а ги сретнувам секојдневно. Видов многу здрави тела со болна душа.

Иако можеби никогаш не сум зборувала со нив, нивните очи полни надеж ми раскажале милон судбини. Со некоја своја посебна енергија допираат до моето срце, што во секој мој стих успевам да ја опишам емоцијата заробена во нивните тела, толку лесно соголена на хартија.

-Постои ли рецепт за добра поезија?

 -Потребна е љубов, голема љубов  кон пишаниот збор и несебично вложување со цел да се допре до срцата на читателите на кои им се пренесува одредена порака преточена во песна.

-Каде се гледаш во иднина?

Како дипломиран тв новинар,  актер кој владее и ужива на сцената од некој театар и  секако  писател.

-И за крај што би им препорачала на читателите?

Животот е прекрасен само ако самите одлучите да ви биде таков.

 

Времето е релативно и никој не е вечен.

Не плашете се да направите промена , простувајте,  извинете се  некому , сторете добро дело,  подарете неизмерна искрена љубов кон другите но никогаш не заборавајте да се љубите себе си.  Исполнете го животот со позитивни мисли и  емоции, во тој момент

 

Ќе почуствувате како соништата стануваат реалност .

 

Share Button