PopUp Bazaar

Поради големата посетеност на првиот базар организиран од страна на Честитка, и желбата да се присуствува на еден несекојдневен настан исполнет со многу забава идеи и креации на вешти лица, со огромно задоволство Ве покануваме на PopUp Базарот на ракотворби, кој ќе се одржи на 19ти август (недела) во хотел Континентал.

Одлична прилика да се дружите, забавувате, да дознаете нешто ново и да си заминете со нешто уникатно.

Покрај занаетчиите и ракотворците, чуварите и одржувачи на духот на рачната изработка, ви подготвивме одлична програма, слатки изненадувања за најмалите, подароци за учениците и голем број на награди:

18:00-18:40 “Здравко заборавко” – детска претстава во изведба на театар Арт Вени Види
20:00-22:00 Уживање со музиката на бендот #DuoDis

Награди:
*Викенд за двајца во Охрид – две ноќевања со појадок
*Вечера за двајца
*Пакет млечни производи
*Торта

Збогатете го вашиот викенд и направете го уште пошарено ова лето!
Влезот е бесплатен! Повелете!

 

Facebook Event

Share Button
dare

dare

Уредник на муабет.мк