БОШ летувалиште – promo night

Ослободете се од стесовите, ставете цвик и дојдете да се релаксирате со коктел и добра музика. Во пресрет на БОШ10, ве каниме на летувалиште-збеснувалиште promo night во Ла Кања бар. За музиката ќе се погрижи маестро Тодор Караколев, а за коктелите нашиот Змејче!
——————————————————————————————
Истрауматизирани од секојдневниот живот, потресени од емотивната пустоловина, отуѓувањето и желбата за моќ, од петни жили го создадовме БОШ 10 – Летувалиште како место за опоравување, лекување, обновување на невроните, страста и другарството. Со најдобра програма досега дојдете заедно да го прославиме јубилејот од 10 години на БОШ фестивалот со независна современа уметност од субкултурната сцена. Распослани во Гевгелија во рок од три дена ќе можете да видите изложби, инсталации, филмови, концерти, дџ сетови, работилници, инсталации и нормаално да плажирате на Сифулајка…

Facebook Event

 

Share Button
dare

dare

Уредник на муабет.мк