Другата страна на сè

Ако сте го гледале Синема Комунисто, за филмов и нема потреба од најава, а ако не сте го, примете го нашето сочувство, и одгледајте го. Како и да е, на МакеДокс ја имаме повторно Мила Турајлиќ која сега ни ја покажува Другата страна на сè.
Ај што филмот победи на ИДФА ама сега Мила, како домашна на МакеДокс ја носи и мајка ѝ, главната протагонистка на филмот. Ќе погледнете, а ќе може и да поставувате по некое прашање.

Во 2011 од второто издание на МакеДокс, Мила Турајиќ си отиде со наградата „Млад Кромид” за својот неверојатен „Синема Комунисто“. Награда која ја доделуваме за прв или втор филм на нови автори. Следната година се врати на работилницата на Џеспер Осмунд за „Груба монтажа“ со идеја за својот втор креативен документареца и ја запозна Ханка Кастеликова која беше во жирито за наградата „Кромид“. Оваа година, на деветото издание на МакеДокс тие две се враќаат со вториот филм на Мила.

19 август 21.00 ч. – Проекција на „Другата страна на сè“ во Куршумли ан

20 август 14.00 ч. – Панел-дискусија со Мила и Србјанка Турајлиќ на тема „Револуциите се важни, но поважно е што правите по нив“ во Музеј на современа уметност – Скопје

20 август 18.00 ч. – „Разговори под Смоква“ со режисерката Мила Турајиќ во Куршумли ан

 

Facebook Event

Share Button
dare

dare

Уредник на муабет.мк