Синестетика на МакеДокс

Отворање на студентската програма на MakeDox;
Попладневен пикник со „Синестетика“.
Сабота, 18ти август, 17:00ч пред Куршумли ан.

Секоја година МакДокс ја оживува чаршијата, како на времето, со луѓе од сите континенти, дојдени по некоја своја приказна. Оваа година ќе се вратиме на времето кога чаршијата вриела од живот! Секако, во чест на отворањето на студентската програма. Синергија на естетиката, времето, рачните изработки, автентична музика, носталгија.
Ве каниме на базар на нови занаети, на изработка на портрети како „од времето“, свирка на модерни чаршиски чалгии (Lorekeeper’s Guild). Бујрум ефендии, повелете комшике! Ќе има многу мерак!
Се гледаме во сабота на платото пред Куршумли Ан.

Отворањето на студентската програма е од 20:30ч на платото пред Музеј на Македонија (Куршумли аут)

Facebook Event

Share Button
dare

dare

Уредник на муабет.мк