Објавена програмата на „После часови“!

Ако се уште не сте слушнале за „После часови“, драго ни е да бидеме први да ви пренесеме една супер вест!

Имено, на големо задоволство на сите родители, деца и млади, за прв пат кај нас ќе се одржи саем за воннаставни програми и активности, на настанот насловен – „После часови“. Овој голем интерактивен настан ќе опфати голем број на области – спорт и рекреација (фудбал, кошарка, ракомет, пливање, одбојка, гимнастика итн), музички училишта, танцови студија (балет, R&B и хип хоп, модерни танци и тн…), едукативни центри, јазични студија, училишен прибор и додатоци и многу, многу други области.

Организаторите веќе ги објавија сите изложувачи, како и официјалната програма, а на големо задоволство ја објавуваме и ние:

Сабота | 01.09.18
11:00 Светот на Колорес | Еден свет, многу приказни!
11:30 Едукативен центар СОНЦЕ | Креативна работилница
12:00 Bullfrogs Ballet School | Живеј го животот во „петта позиција”
12:30 SEDC IThink Academy | „I Think, You Think, We Think“
13:00 My Music | My Music
13:30 OFFICE PLUS | OFFICEPLUS за пет плус!
14:00 Мечувалечки клуб Ескрим | Проверете зошто мечувањето е поразличен спорт од останатите
15:30 Едукативен центар Арс Ламина – Јазичен центар Step by step | Баш е КУЛ после сКУЛ
16:00 Jumping Clay | Фантазија без граници
16:30 Champions House – Шампионада | ШАМПИОНАДА
17:00 Brainobrain | Мултитаскинг презентација
17:30 Жабец | Учиме за велосипедите
18:00 Eat The Beat | Dance Studio Латино Шоу и Хип Хоп настап
18:30 Битрикс Кру | Битрикс Кру

Недела | 02.09.18
11:00 Vortex  Art | Creative Genius
11:30 Staedtler | Измоделирај ја својата играчка
12:00 Да научиме | Учиме јазици на креативен начин
12:30 Пијанофорте – Училиште за музика | По патот на музиката
13:00 LCF CLUBS | Mногу повеќе од училиште за англиски јазик
13:30 Балетско студио Балерина | Од децата за децата!
14:00 Логос Плус | Клуч за успешна иднина
14:30 Bright Kids | Тематски креативни работилници
15:30 Капуера Скопје | Повеќе од спорт!
16:00 Здружение за рана стимулација, развој и игра кај деца Креатива Исток | Градење на основа за академско учење
16:30 Драмско студио Пет +
17:00 Гитара Пет | Краток концерт на класична гитара
17:30 Студио за танц Абстракт | Нов Почеток
18:00 Еурека | Еурека Перформанс
18:30 Бејби Шоу | Учење и бескрајна забава, It’s БЕЈБИ ШОУ time!

Настанот ќе има и посебен спортски дел, со сопствена програма:
Сабота и недела:
10:30 Одбојка Форца Волеј
12:30 Пливачка Федерација
14:30 Гимнастика Партизан (само во сабота)
14:45 Фудбалска школа Грозданоски
16:30 Ракомет- Кирил Лазаров 7
17:30 Баскет КК Вардар VS MVP

Посетителите на настанот ќе можат да се информираат од прва рака за повеќе од 50 програми кои се нудат кај нас, и што е најважно – да одберат и на лице место да ги запишат своите најмили на она што ќе одберат по промотивни цени со големи попусти!
Настанот е бесплатен и отворен за посета за широката јавност, а ќе се одржи на 01 и 02ри септември 2018 во спортската сала Форца со времетраење од 10:00 до 19:00 часот двата дена.
Следете ги сите информации и детали поврзани со настанот на официјалната Facebook фан страна – ОВДЕ.

Share Button
dare

dare

Уредник на муабет.мк