Скромниот Себастијан Курц – пример за другите европски политичари

Во продолжение ви пренесуваме фејсбук статус од човек што бил во истиот авион со Себастијан Курц вчера вечер:
„И така седам синоќа на летот од Барселона за Виена патувајќи со нискобуџетната авионска компанија Eurowings кога наеднаш влегува позната европска

фаца – децата се сликаат со него, возрасните го поздравуваат… Ја прашувам стјуардесата кој е патникот, а таа ми одговара дека тоа е австрискиот канцелар Себастијан Курц.
Потоа, австрискиот канцелар уредно чекаше со сите други патници за летот кој доцнеше 2 часа. Седеше во економска класа, без делегација, без обезбедување и слична придружба.
Кога слетавме во Виена, мислев дека таму ќе го дочека обезбедување, но човекот како и сите останати патници, си го зеде багажот и го напушти аеродромот сосема сам.
И сега споредете го со нашите политичари кои мислат дека се богови, сите по ред…“
Ова го напиша Никола Грубишиќ на својот

фејсбук профил, изненаден од скромноста на австрискиот канцелар.

 

Share Button