„Ден со клиентите 2018“ организиран по седми пат од АрцелорМиттал Скопје

Под слоганот „STEEL growing strong“, АрцелорМиттал Скопје организираше уште еден успешен настан за своите клиенти кои од 10 земји од Балканот и пошироко допатуваа до Скопје за да добијат увид во оперативата, стратегијата и идните планови на компанијата.

[su_custom_gallery source=”media: 16722″ limit=”1″ link=”lightbox” width=”710″ height=”550″ title=”never”][/su_custom_gallery]

Преку обраќањата на извршниот директор, г-дин Волфганг Марингер, генералниот директор на Галати & Скопје г-дин Богдан Греку, и директорот на маркетинг г-дин Богдан Ифрим – претставени беа претстојните промени на локално и на глобално ниво,  ребрендирањето како и моменталната состојба на пазарот и се разбира, приоритетот на компанијата – безбедното работење.

[su_custom_gallery source=”media: 16720″ limit=”1″ link=”lightbox” width=”710″ height=”550″ title=”never”][/su_custom_gallery]

Дополнително, во производствнеиот погон се одржа и Инаугурација на екстензијата на линијата за поцинкување а презентирание беа и проектите за модернизација на електро опремата и отворањето на новиот магацин. На настанот беа образложени придобивките кои тие ќе ги донесат како за компанијата така и за клиентите.

 

Во прилог погледнете ја фотогалеријата од настанот.

[su_custom_gallery source=”media: 16728,16729,16730″ limit=”3″ link=”lightbox” width=”710″ height=”550″ title=”never”][/su_custom_gallery]

 

Share Button
dare

dare

Уредник на муабет.мк