Бразилскиот национален фудбалски тим го доби овогодинешниот “Куп на Девет Вредности“

Како дел од Интернационалната Детска Општествено – Одговорна програма “Фудбал за Пријателство“ на Газпром, на стадионот Драгао (Dragão) во градот Порто, на бразилскиот национален фудбалски тим му беше доделен “Купот на Девет Вредности“. Уникатниот трофеј ги симболизира деветте вредности на проектот “Фудбал за пријателство“ – пријателство, еднаквост, праведност, здравје, мир, посветеност, победа, традиција и чест. Церемонијата на доделување на трофејот се одржа како дел од пријателскиот натпревар помеѓу Панама и Бразил.

Неколку учесници од претходните сезони на “Фудбал за пријателство“ пристигнаа на церемонијата за доделување на купот: Сван Драме (13 години, Франција), Катарина Барата (13 години, Португалија), Мигел Борхес (19 години, Португалија), Денис Аладев (13 години, Русија). Младите амбасадори го презентираа значењето на уникатниот трофеј и неговата историја на генералниот секретар на Бразилската Фудбалска Конфедерација, г-дин Волтер Фелдман (Walter Feldman) и менаџерот за технички развој и општествена одговорност на бразилскиот национален фудбалски тим, г-дин Диого Нето (Diogo Netto).

 

Бразилскиот национален фудбалски тим беше прогласен за доследен за “Купот на Девет Вредности“ како резултат на отворено гласање, каде учество заземаа млади учесници од 211 држави и региони во светот. Учесниците во проектот “Фудбал за пријателство“ му оддадоа признание на бразилскиот национален фудбалски тим како најопштествено – одговорен од 32. национални фудбалски тимови, кои учествуваа на ФИФА Светското Првенство 2018 во Русија. Бразилската фудбалска репрезентација е петтиот добитник на “Купот на Девет Вредности“. Започнувајќи од 2015 година, трофејот беше доделен на фудбалските екипи на Барселона (Шпанија), Баерн Минхен (Германија), Ал Вахда (Сирија) и Реал Мадрид (Шпанија).

Купот на девет вредности е сосема нов, навистина невообичаен трофеј се доделува за почитување и примена на вредностите на програмата, како праведност, посветеност и традиција. Овие вредности се од суштинска важност за сите – и децата и возрасните. Оваа година, трофејот за првпат беше доделен на тим од Латинска Америка – уште еден доказ дека не постојат бариери кога станува збор за фудбалот и пријателството!“ – изјави г-дин Волтер Фелдмен (Walter Feldman).

“Навистина сум среќна што програмата “Фудбал за пријателство“ ми даде можност да се сретнам со членовите на репрезентацијата, па дури и лично да им го предадам “Купот на Деветте Вредности“. За да може еден човек да прерасне во успешна личност, од голема важност е да ги следи универзалните човечки вредности. Колку повеќе луѓе во светот зборуваат, дискутираат и го привлекуваат вниманието кон овие вредности, толку нашиот живот ќе стане подобар. За децата ширум светот “Купот на девет вредности“ претставува симбол на пријателство, единство и одговорен однос кон општеството во кое живееме.” – вели Катарина Барата (Catarina Barata), Млада учесничка во проектот “Фудбалот за пријателство“.

Интернационалната детска општествено-одговорна програма “Фудбал за пријателство“ за прв пат е имплементирана во 2013 година, од страна на компанијата Газпром. Главните вредности кои ги промовираат учесниците во програмата се пријателство, еднаквост, правичност, здравје, мир, посветеност, победа, традиција и чест. Учесниците во програмата се Млади Фудбалери (момчиња и девојчиња, вклучувајќи ги и оние со пречки во развојот и посебни потреби) и Млади Новинари кои известуваат за настаните – дел од проектот “Фудбал за пријателство“ во рамките на Меѓународниот детски прес-центар. Финалните настани од овогодинешната сезона на програмата “Фудбал за пријателство” ќе се одржат во Мадрид, во период од 28. мај до 2. Јуни, 2019 година.

Share Button