ОДБЕЛЕЖАН ИНТЕРНАЦИОНАЛНИОТ ДЕН НА ФУДБАЛОТ И ПРИЈАТЕЛСТВОТО ВО РАМКИ НА ФК “ВАРДАР“!

Интернационалниот ден на Фудбалот и Пријателството одбележан во повеќе од 50 земји ширум светот, меѓу кои и Македонија!

 

На 25. април секоја година ширум светот се одбележува Интернационалниот ден на Фудбалот и Пријателството. Оваа година, овој ден се одбележа во училишта и спортски академии во повеќе од 50 земји во Европа, Азија, Африка и Јужна Америка. Во одбележувањето на Интернационалниот ден на Фудбал и Пријателство се приклучија повеќе од 40.000 учесници во рамки на над 200 настани. Во дел од земјите учеснички во проектот се одржаа едукативни сесии и отворени предавања со цел поттикнување на позитивни човекови вредности кај младата популација преку фудбалот и спортските активности. Во Русија, овој интернационален ден беше одбележан во училиштата, фудбалските академии и клубови во единаесетте градови – домаќини на ФИФА Светското Првенство кое се одржа во Русија лани. Активностите кои се реализираат по повод овој ден вклучуваат средби, тренинзи и пријателски фудбалски натпревари во кои учество заземаат Младите Амбасадори – учесници во интернационалната општествено-одговорна програма на компанијата “Газпром“ наменета за деца – “Фудбал за Пријателство“.

Во Македонија, Младите Амбасадори Милош Спасовски, Борјан Томовски, Лука Јаневски и Калина Василевска разговараа со децата од Младинската Фудбалска Школа на ФК “Вардар“ за мисијата и деветте вредности кои ги промовира проектот – пријателство, еднаквост, фер-плеј, здравје, мир, посветеност, победа, традиција и чест. Воедно, на средбата присуствуваше и легендата на фудбалскиот клуб “Вардар“ и сегашен тренер на голманите во младинските категории на овој клуб, г-дин Слободан Мутибариќ. Тренерот со Младите Амбасадори и присутните деца го сподели своето лично искуство од теренот напоменувајќи дека спортувањето од рана возраст е важно, но покрај негувањето на талентот и физичката подготовка за професионално развивање како фудбалер, подеднакво важни се и суштинските вредности кои се пренесуваат преку фудбалот. Дополнително, г-дин Мутибариќ разговараше со децата за улогата на тренерите преку пренесувањето на вештини за развој на добри спортисти и квалитетни фудбалери, истовремено поттикнувајќи ги да бидат подобри луѓе, тимски играчи, да ги почитуваат останатите без разлика на различностите и да бидат пример за останатите. Како потсетник за секојдневна примена на клучните вредности на овој проект, Младите Амбасадори им подарија на присутните деца Алки на Фудбалот и Пријателството – симбол на проектот и вредностите кои ги поттикнува. Покрај нив, на фудбалскиот терен, во знак на поддршка на проектот, присуствуваа и минатогодишните учесници – Ева Јакимовска и Максим Цониќ.

“Одбележувањето на овој Интернационален ден на Фудбалот и Пријателството е потврда за континуираната потреба на развивање и надоградување на младинскиот спорт, а воедно и можност за потсетување на најважните вредности кои сите ние треба да ги применуваме – на теренот и пошироко. Зачувувањето на традициите, создавањето нови, пренесувањето на искуството и знаењето на новите генерации се само дел од суштинските елементи за професионален развој и успех во секое животно поле.“ – изјави г-дин Слободан Мутибариќ.

За нас, како Млади Амбасадори – учесници во овогодинешната сезона на проектот Фудбал за Пријателство е навистина важно да ја пренесеме клучната порака на проектот помеѓу нашите другари, пријатели и познаници. Ни претставува вистинско задоволство да сме вклучени во ваква меѓународна програма, во чии рамки, се надеваме дека ќе допринесеме за поттикнувањето и негувањето на позитивни вредности кај новите генерации во нашата земја.“ – изјави Калина Василевска, Млад Новинар, во име на Младите Амбасадори.

Интернационалниот Ден на Фудбал и Пријателство (25. Април) за прв пат бил одбележан во 2014 година од страна на младите амбасадори на Интернационалната Детска Општествено-одговорна програма на компанијата Газпром – „ФУДБАЛ ЗА ПРИЈАТЕЛСТВО“. Во текот на овој ден сите кои ги поддржуваат клучните вредности презентирани и поддржани од оваа програма, како: еднаквост, почит за другите култури и мир, одржуваат пријателски натпревари, работилници, средби со познати фудбалери и најразлични активности. Дополнително, учесниците во активностите разменуваат сино-зелена Алка на Пријателството, чија сина нишка го симболизира мирното небо, а зелената – фудбалскиот терен, пристапен за секого.

 

###

За Интернационалниот ден на Фудбал и Пријателство

Првиот Интернационален Ден на Фудбалот и Пријателството беше нпретставен од страна на Младите Амбасадори на проектот “Фудбал за Пријателство“, покренат од компанијата Газпром во 2014 година. Од самиот почеток, оваа светска манифестација е поддржана и посетена од голем број познати светски фудбалски ѕвезди како Бранислав Ивановиќ (Branislav Ivanovic), член на репрезентацијата на Србија и одбранбен играч во ФК “Зенит“ од Санкт Петерсбург, неговиот тимски колега – рускиот голман Јури Лодугин (Yuri Lodygin) како и од холандскиот напаѓач Дирк Кујт (Dirk Kuyt) од ФК “Фејенорд“ (Ротердам) и прославениот фудбалски ас од Брегот на Слоновата Коска – Дидиер Дрогба (Didier Drogba), познатиот португалски голман Витор Баја (Vitor Baia) и други ѕвезди.

 

За проектот „Фудбал за Пријателство“
Започнувајќи од 2013 година, Акционерското Друштво “Газпром ја организира Интернационалната Општествено-Одговорна програма за деца “Фудбал за Пријателство. Клучните вредности промовирани од учесниците во програмата вклучуваат пријателство, еднаквост, праведност, здравје, мир, посветеност, победа, традиција и чест. Фудбал за Пријателство е подржан од ФИФА, УЕФА, Интернационалниот Олимписки Комитет, Фудбалските Федерации од различни држави, Интернационални Детски Добротворни Фондации, како и од светските водечки фудбалски клубови. Во текот на изминатите шест сезони проектот обедини над 5.5 илјади учесници, а истиот е следен од повеќе од 4.5 милиони луѓе, меѓу кои и познати спортисти, уметници и авторитети.

 

Официјални извори за Проектот “Фудбал за Пријателство“:

За медиуми – Фото и Видео материјали: http://media.footballforfriendship.com
Официјална Фејсбук (Facebook) страна: https://www.facebook.com/FootballForFriendship/
Официјален ЈуТјуб (YouTube) канал:  https://www.youtube.com/user/FOOTBALL4FRIENDSHIP
Официјална страница на Википедија (Wikipedia): https://en.wikipedia.org/wiki/Football_for_Friendship

Официјален Инстаграм (Instagram) профил: https://www.instagram.com/footballforfriendship
Официјален Твитер (Twitter) профил: https://twitter.com/football4f
Официјална веб-страна на проектот “Фудбал за Пријателство“: https://www.gazprom-football.com/en/home.htm

Share Button