СТАБИЛНА, СВОЕГЛАВА, БЕСКОМПРОМИСНА, СИЛНА И ФОКУСИРАНА

– Викторија Петровска која секојдневно ни го задржува вниманието со својата позитивна енергија вака ја дочека својата 24ка.
Пред малите екрани ја гледаме како Презентер на Вести, а ја запознавме како девојка која го негува убавиот пишан збор.

Себеси се опишува како девојка со 24 години која засекогаш ќе го негува детето во себе. Која со глава руши ѕидови со својата амбициозност.
‘’Си го сведуваш животот на она што те движи. И газиш напред. Рушиш препреки. Преживуваш падови. По некоја неправда, солза, прашање “зошто’’….Луѓе доаѓаат, заминуваат, некои остануваат. Ги броиш на двете раце. Мајка ти ти станува најдобра другарка, а сестра ти е единствената која нема да те оговара позади грб.’’
На некои си инспирација, на други иритација. И тоа е во ред.

Драга моја 24ка. Благодарна сум ти за се’ што имам и за се’ што се трудам да имам.
Те дочекувам среќна.
Напиша водителката на својот фб профил.

Share Button
dare

dare

Уредник на муабет.мк