ТРАДИЦИОНАЛЕН МЕЃУНАРОДЕН ТУРНИР ВО ЏУДО “ЦЕВИТАНА КУП“ – Турнир во организација на Џудо Клуб “Сеишин“ од Прилеп

По повод Националниот празник 11-ти Октомври, на 06.10.2019 година (Недела) во спортската сала на СОУ “Р.Р.Ричко“ во Прилеп ќе се одржи 11. Традиционален Меѓународен Турнир во џудо “Прилеп Град Херој-2019 Цевитана Куп“.

На турнирот кој е во организација на Џудо Клубот “Сеишин“ од Прилеп и во соработка со Џудо Федерацијата на Р.С.Македонија до овој момент, покрај домашните, за учество се пријавени повеќе од 30 клубови од 6 држави од Регионот: Србија, Бугарија, Грција, Албанија, Црна Гора и Косово.

Според проценките на организаторот, се очекува присуство на околу 250-300 натпреварувачи.

Заради запознавање на јавноста за организацијата на овој досега најголем спортски настан во Прилеп, Џудо Клубот “Сеишин“ од Прилеп најави конференција за медиуми, закажана за 05.10.2019 година во 12.00 часот во Ресторан “Алтан“ во Прилеп каде што во детали ќе информираат за подготовките и програмата. Покрај претставници од организаторот и помагателите, присутни ќе бидат и неколку големи и значајни имиња за џудо спортот од Регионот: Славко Обадов, Вук Рашовиќ и Павле Буљчик од Србија како и Чихи Јанош од Унгарија.

Џудо Федерацијата го поддржува Џудо Клубот “Сеишин“ од Прилеп во реализацијата на Турнирот и истовремено, ги поканува сите заинтересирани да го проследат турнирот, кој започнува на 06.10.2019 година (недела) во 10:00 часот.

Share Button
dare

dare

Уредник на муабет.мк